Дали Бугарија и Грција се координираат, за „да ги почитува Р*М договорите“, штом Главчев вели дека „Мицотакис кажува исто како нив“?!

„Бугарија нема повторно да преговара за условите од договорот со * Македонија.“ – изјави вршителот на должноста премиер на Бугарија Димитар Главчев. „Имаме позиција на Бугарија. Тие велат дека нема да преговараат со преодната влада, но нема желба за преговори од наша страна. Нема за што да преговараме. Постои европска позиција. На последниот Европски совет изјавив дека * Македонија не ги почитува своите обврски, а истото го кажа и премиерот на Грција: дека * Македонија не го почитува Договорот од Преспа. Затоа го кажавме нашиот став на највисоко можно рамниште, во Европскиот совет.“ -рече тој, а пренесе „БНР.бг“.



Неговата изјава е одговор на инсистирањето на партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов, победничката на предвремените парламентарни избори во Бугарија, за „итна и одлучна реакција“ на новите тврдења против веќе преземените обврски од таканаречениот „француски предлог“.