Најновата анкета на грчката телевизија „Вергина“ покажува дека партијата Неа Демократија на лидерот Киријакос Мицотакис е сигурен победник на следните парламентарни избори доколку тие се одржат утре.
Тоа за Македонија значи дека по изборите во Грција кои што можат да бидат и предвремени Македонија не може да се надева на некакво поместување во грчко – македонскиот спор за името пред се поради црвените линии за името на Атина кои што беа усогласени меѓу сите грчки партии во времето на премиерот Караманлис во 2007 година.
Иако Киријакос Мицотакис важи за умерен политичар кој што не е радикален националист сепак треба да се има предвид силното екстремистичко крило во десничарската партија кое што нема да дозволи прием на Македонија во НАТО и ЕУ со разумен компромис.
Не треба да се занемари ниту дека таткото на Киријакос, Константин Мицотакис беше еден од творците на непопустливата грчка националистичка политика за името на почетокот на деведесетите години.
Неговата сестра Дора Бакијани беше миниситер за надворешни работи на Грција во владата на Костас Караманлис и дел од грчката екипа која што не блокираше на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година.
Според грчките анкети Неа Демократија е во водство пред Сириза на Ципрас со повеќе од 11 % (29,5 : 18,3). На трето место се комунистичката партија и Златна Зора. Вкупно 15,2 % од гласачите се неопределени а во дуелот на лидерите Мицоотакис води со 40 % спрема 17 % за Ципрас.






