Грчкиот претседател не навредуваше а сега зборува за пријателство со „ФИРОМ“

По десетиците изјави во кои на најдиректен начин ја навредуваше Македонија и нејзините граѓани грчкиот претседател Прокопис Павлопулос ја заврти плочата и почна да зборува за вистинско пријателство со Македонија.



„Грција бара вистинско пријателство со своите соседи во регионот, кои што се земји со кои Грција има многу заеднички работи“, изјавил Павлопулос за време на посетата на градот Серес.

„Ние Грците правиме се за нашите страдања и жртви да не не делат туку да не учат и да не обединуваат“ , изјавил претседателот на Грција во пораката упатена до Македонија и Турција.

„Она што го имаме заедничко со нив е далеку поголемо од тоа што не дели“, порачал Павлопулос кој најавил дека Грција сака да го поддржи европскиот пат на своите балкански соседи но дека тие ќе мора да го почитуваат меѓународното и европското право.