Ова го вели професорката Солза Грчева и претседател на партијата „Глас за Македонија“, во интервју за Курир.
„Во една држава има само една национална академија, кај нас МАНУ, формирана во 1967 година од Собранието на Република Македонија, односно од државата. За неа постои и специјален Закон за МАНУ“, вели Грчева.
„Значи, национална е затоа што е формирана и финансирана од државата. Патем, единствени критериуми за да се биде член на МАНУ се научните, односно уметничките достигнувања.
И денес во неа членуваат припадници на повеќе етнички заедници, но тоа не значи дека се тие примени по некаков етнички “клуч“. Во секое претседателство на МАНУ има Албанец со висока функција.
Моментално, еден од нив е потпретседател на Академијата. МАНУ имала и ќе има широко отворена врата за оние кои имаат врвни достигнувања во своите области.
Ваквата идеа на “ВРЕДИ“ е утопија и обид за провинцијализирање на науките и уметностите и никако не за нивно унапредување како што сакаат да прикажат.
Грчева вели дека .отивите за формирање таканаречена „албанска академија за…“ немаат врска со унапредувањето на науките и уметностите туку дека се сака да се добијат политички поени кај албанските гласачи.
Нно толкувањето може да биде и дека создавањето на етнички “дупликат“ на веќе постојната национална Академија е вовед во создавање на паралелни, чисто етнички институции, конечно и вовед во федерализација на, по Устав, унитарната држава.
Не може локални заедници, кои се патем финансирани од сите граѓани во општините, да создаваат “национална“ и згора на сé чисто етничка академија на науки и уметности. Тогаш, ајде и секој куќен совет нека прави своја академија.
Можеби во секоја зграда има некој нереализиран и незадоволен научник, кој би бил прв во научните достигнувања. Ама прв во зградата, не во државата“ вели Грчева.






