Грција не сака да зборува за албанско малцинство Чами

Грчкото Министерство за надворешни работи денеска ги отфрли тврдењата на албанската влада дека прашањето за албанската Чами е една од главните теми на агендата на разговорите меѓу двете земји.



Преку официјално соопштение, грчкото министерство соопшти дека „категорично ги отфрламе изјавите на албанските официјални претставници за наводното вклучување на прашањето на Чамите во разговорите меѓу Грција и Албанија. Желбата на албанската страна да го вклучи тоа е една работа, а прифаќањето за дискусијата е друга“.

Грчкото министерство понатаму соопшти дека ја повикуваат албанската страна „да не покренува прашања кои се спротивставуваат на искрениот и конструктивен дијалог, дијалог кој, благодарение на напорите на двете страни, помага значително да се подобри климата во грчко-албанските односи” .

Реакцијата на грчкото Министерство за надворешни работи дојде по изјавата на министерот Бушати кој синоќа изјавил дека „Албанија ќе го покрене прашањето на Чамите додека не се најде решение:

„Прашањето на Чамите ќе продолжи да биде прашање за нас додека не се најде решение“, рекол Бушати, како што пренесува албансиот портал „Exit.al“.

Албанија и Грција се во процес на решавање на отворените прашања меѓу двете земји со цел да го отвори патот за попродуктивна иднина без нерешени проблеми.

Чамите се грчко малцинство во областа Чемерија во Грција – за Грција Јужен Епир. Непотврдени податоци тврдат дека по Втората светска војна биле протерани повеќе од 30.000 албански Чами.

За Грција, југот на Албанија каде живее грчко малцинство, е Северен Епир.