Грција, Македонија и Србија сакаат да градат канал од 17 милијарди евра

Грција, Македонија и Србија сакаат да го поврзат Средоземно Море со Дунав и да изградат канал за тоа, кој, ако се имплементира заложбата на трите балкански земји, ќе биде еден од најдолгите во Европа.



Ова е објавено од голем број грчки медиуми, кои го цитираат Јанис Бутарис, градоначалник на северното грчко пристаниште Солун.

Германската новинска агенција ДПА од грчки владини кругови дознава дека огромниот зафат би можел да чини околу 17 милијарди евра, а целиот проект може да биде реализиран во рок од шест години.

Станува збор за идеја стара два века, со која би се поврзале реките Дунав, Морава и Вардар со канал со вкупна должина од 650 километри, a изградбата би се финансирала главно со кинески пари.