По изјавите на посредникот на Обединетите нации Метју Нимиц за името на северниот сосед, заменик-министерот за надворешни работи, Јанис Аманатидис за грчката „Скај,тв“ не го отфрли терминот „Македонија“ во новото име и потсети дека привременото име пЈРМ го вклучува тој збор.
„140 земји веќе ја нарекуваат Република Македонија“ рече тој.
Заменик министерот за надворешни работи истакна дека целта на Атина е сложено име за секаква употреба, односно дека „ќе треба да се користи во сегашната пЈРМ и во странство“ и дека треба да ги елиминираат иредентистичките аспирации на Скопје.
Во исто време, тој истакна дека има и други параметри кои ќе влијаат на преговорите и појасни дека грчката дипломатија нема да ги открие своите „црвени линии“.





