Грција: Врховниот суд разреши 8 судии за недолично однесување, одложувања…

Дисциплинската комисија на Врховниот суд разреши вкупно осум судии поради недолично однесување, прекумерно доцнење и здравствени причини.



Еден заменик апелационен обвинител беше разрешен поради повеќекратно недолично однесување, откако претходно беше дисциплински казнет поради неразумно одложување и непрофесионално однесување, јави „Катимерини“.

Еден судија е разрешен поради употреба на навредлив јазик и чести расправии со соседите , особено за паркинг места во подземната гаража во зградата каде живеел.

Дополнително, шест судечки судии беа сменети од функцијата поради значително доцнење во извршувањето на нивните должности, што доведе до бројни поплаки од адвокатите.

Конечно, еден апелационен судија беше разрешен поради здравствени причини.