Грците пак споменуваат Горна или Нова Македонија

Никос Косиас изразил подготвеност на Грција за продолжување разговори околу спорот со името, а можност за тоа се отвора по по локалните избори во соседната земја, под услов да биде поразен иредентизмот.



Спорот за името со Поранешната Југословенска Република Македонија, кипарското прашање, како и реформите во ОН, биле темите за кои разговарале грчкиот министер за надворешни работи, Никос Котиас и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, синоќа во Њујорк.

Атина го отфрла името „Македонија“ за северниот сосед бидејки тоа подразбира територијални претензии кон грчката покраина со тоа име и тоа е причина за грчкото вето и за блокада на обидите за приклучување на НАТО и на ЕУ.

Според грчките официјални лица, Атина би можела да разговара за сложено име како “Горна Македонија” или “Нова Македонија”, пишува „Greek reporter“ во пресрет на синоќешната средба на шефот на грчката дипломатија со генералниот секретар на ОН.

Споменувањето на спорот со името во иста реченица со кипарското прашање не делува многу оптимистички.

Кипар стана синоним за нерешавање на отворен проблем уште од 1974 година по обидот на тогашната грчка хунта да го припои медитеранскиот држава-остров кон матична држава, по што следеше турска инвазија на северниот дел од островот по што Кипар остана поделен на турски и грчки дел.

Во 2003-та Република Кипар стана членка на ЕУ, а турскиот дел од островот, односно Турската Демократска Република Кипар, е меѓународно изолирана и призната само од Турција.

Коѕиас по средбата со Гутереш рекол дека имале интересен разговор , а од ОН соопштија дека Гутереш ги поздравил обновените напори за наоѓање на решение за спорот со името и дека генералниот секретар ќе ги поддржи двете страни во разговорите под медијаторство на Метју Нимиц.