Груевски почна редовно да се слика (ГАЛЕРИЈА)

Екс премиерот Никола Груевски кој веќе седма година е политички азилант во Унгарија во последно време се почесто се фотографира и објавува фотографии од Будимпешта каде што живее.



Груевски од бегството од Македонија во 2018 година објави десетина фотографии од Унгарија но сега за нешто два и пол месеци објавува 4 фотографии на својот профил на социјалните мрежи.

Зошто Груевски кој за повеќе од 6 години како азилант објавил десетина фотографии а сега за 75 денови почнувајќи од крајот на Ноември минатата година објавува 4 фотографии засега никому не му е јасно.

Почнувајќи од 30 Ноември кога го следел мечот на македонските ракометарки во Дебрецин против Турција Груевски редовно објавува свои слики.

Дали тој планира да се враќа или едноставно сака да се слика и да објавува е прашање што може да го одговори само тој.

Според квалитетот на сликите Груевски може само да се претпостави дека го фотографирал некој професионален фотограф но на објавеното не пишува кој е автор на фотографиите.