Груевски не издржа – поднесува оставка, не кажа кога!?

„Независно каков ќе е исходот од анализата на изборите, дури и ако е таков дека објективно мојата вина е мала или најмала или дури ако се утврди дека немам објективна вина за поразот, јас ќе поднесам пред органите на партијата оставка. Партијата, согласно статутот ќе организира вонреден конгрес, на кој освен извештајот за анализата на изборите, ќе се избере и претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, изјавил лидерот ва ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски за Курир.



„Дали празните улици и слабата поддршка од граѓаните и партиското раководство на повикот за протести се последниот аргумент кој го натера лидерот на ВМРО – ДПМНЕ да ја поднесе долго очекуваната оставка“ констатираше 24 вессти.

Изјавата доаѓа по вчерашната и втора средба кај претедателот на Државата на која во вториот состсав беше и лидерот на ДУИ Али Ахмети

Тој вечера одби да одговори на новинарското прашање, кога ќе си поднесе оставка.

-Не би коментирал. Во наредните денови се ќе се објасни – рече Груевски

Синоќа, премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со претседателот на државата предложиле до Иванов и побарале Собранието да изгласа амнестија за притворените од последната акцуија на МВР инволвирани околу настаите на 27 април, пренесоа медиуми.

Но, услов било тоа да биде во „пакет“ со ослободување на „замешаните“ учесници во”Диво Насеље” инволвирани во настаните во мај 2015 година и кога загина 8 македонски полицајци и 14 терористи.

Шефот на државата, Ѓорѓе Иванов, наводно, ја одбил таквата понуда. Исто реагирал и Груевски.

По апсењето а36 лица поврзани со настаните од 27 април, лидерот на ВМРО ДПМНЕ и екс-премиер Никола Груевски Груевски, најави оставка.

Во интервју за порталот „Курир“ вчер,  тој најави дека ќе поднесе оставка на функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ пред органите на партијата.

„Ќе поднесам оставка пред органите на партијата, еден ден СДСМ ќе се кае за за ова што прави, а народот ќе си ја врати државата“ пренесуваат денес медиуми.