Груби ја нападна Силјановска Давкова дека била неодговорен политичар

По Али Ахмети, Силјановска Давкова ја нападна и министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби ја нападна дека била неодговорен политичар и дека требало да запрат пакосните игри кои правеле поделби.



„Ова го носат неодговорните политичари. Затоа, гласот на целиот албански народ, вклучително и оние кои гласаа за опозицијата, и заедниците, мора да се построи зад Али Ахмети и Европскиот фронт за ВМРО да нема никаква шанса да си игра со судбината на Албанците. ОВК, другите заедници, медиумите, граѓанското општество, администрацијата и земјата. Вашиот глас за Европскиот фронт го блокира ВМРО и го запира нејзиниот моментум. Ајде да ги спречиме овие пакосни работи кои предизвикуваат поделби, сите гласот да го дадат на Али Ахмети – Европскиот фронт со 30 пратеници, па потоа да видиме како ќе се однесуваат“, напиша Груби.