Груби: „Кривичната пријава против Бектеши е политички прогон“

Артан Груби реагираше на кривичната пријава што СВР-Охрид ја поднесе против поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши.



„Заканите и политичкиот прогон од страна на владините партии и државните моноетнички институции се продолжение на стратегијата и напорите да се уништи моќната и легитимна албанска политичка сила и да се замени со сервилни марионети кои ја поткопуваат државната моноетничност во замена за дозвола за развој на маалски политички игри.

Истовремено, служи за покривање на 300-те скандали во првите 30 дена кои не вратија 30 години наназад со масовната неспособност и незнаење да ја водиме државата“, напиша Груби.