Груби да не бега, нека се врати да докаже дека е „чист како солза“, порачува ВМРО-ДПМНЕ

Артан Груби е епицентарот на сите скандали и афери изминатите години. Нема скандал а да не се поврзува со името на Груби, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ според која како „кула од карти“ се сруши наративот на ДУИ дека се борат за ЕУ и зелени агенди.



Артан Груби и врхушката на ДУИ, блиски соработници на Али Ахмети под превезот на демократија, правда и зелени агенди се борат исклучиво за да го заштитат крупниот капитал стекнат на криминален начин.

Артан Груби да не бега и да се врати во Македонија за да докаже колку е чист како солза.

Груби веднаш откако се најде на црната листа на САД, а потоа и во центарот на кривична постапка за милионски криминал ја напуштил државата по ставањето на црната листа на САД а пред отпочнување на кривичната постапка против него.

Осум милиони евра е криминалот во АД „Лотарија на Македонија“ во кој главната улога ја имаат Артан Груби како вицепремиер и Пeрпарим Бајрами како директор на Лотарија.

Артан Груби да не се пазари и доколку е чист како солза како што самиот тврди, да се врати во Македонија и да си докаже пред суд доколку има храброст.

Одговорност за милионскиот криминал кој го направил Груби мора да има.
Одговорност за корупцијата и криминалот во пандемиски размери на СДС и ДУИ мора да има, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.