„Вицепремиерот Артан Груби од ДУИ Артан Груби во емисијата ‘360 степени’, запрашан колку е веројатно по изборите да се формира влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, повторно нагласува дека е услов за тоа да бидат поддржани амандманите за промена на уставот.“ – објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата статија со наслов „ДУИ: Зошто не владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но со услов?“.
„Журнал“ пишува: „Зошто не владина коалиција на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ? Ако ВМРО-ДПМНЕ ги изгласа уставните измени пред формирањето на владата, зошто да не? Ако е ВМРО ДПМНЕ доволно реформирана како партија, ако има европска ориентација, ако докаже дека е подготвена да го жртвува својот таканаречен рејтинг за доброто на државата, како што го правеше тоа СДСМ во минатото, тогаш – Да, заслужува шанса.“ – нагласи Груби.
Според него, ако остане ВМРО ДПМНЕ на тој став дека ниту пред, ниту потоа, ниту на следните избори нема да има уставни измени, тогаш што би барала ДУИ во ваква влада, или во влада со партнер, што гледа алтернативни решенија за ЕУ.
„Во ДУИ нема алтернатива. Нема алтернатива за ЕУ, НАТО и стратегиското пријателство со САД. Не можеме да се најдеме себеси во партнерство со Левица, со Јанко Бачев, со проруските сили, со проруската агенда во државата.“ – изјави Груби.





