Грк шверцувал 90 мигранти во камион

Грчката полиција соопшти дека уапсила шверцер со 90 мигранти во скриен контејнер во камион.



Камионот бил прегледан надвор од Солун во петокот наутро, објави полицијата во саботата.

Полицијата го уапсила возачот на камионот, 55-годишен Грк.

Меѓу мигрантите имало и 21 малолетник, соопшти полицијата, 60 биле Ирачани, а другите од Еритреја, Етиопија, Конго и Иран, пренесе Асошиетед прес.

Тие на грчка територија влегле од Турција, откако секој платил по 1.800 евра за да биде транспортиран во Атина, соопшти полицијата.

Во друг инцидент во близина на границата на Грција со Турција, полицијата уапсила и 39-годишен сириски државјанин кој шверцувал десет мигранти, девет сиријци и еден ирачанец во неговиот патнички автомобил, соопшти полицијата.