Грко-Левантијци бараат помош од Македонија и другите православни земји за седница на ОН за сириските православци

Грко- Левантиска организација во јавен апел бара помош од Македонија и другите православни земји за закажување седница на ОН за поддршка на сириските муслимани по терористичкиот напад во црквата Свети Илија во Дамаск каде загинаа десетици луѓе.



Организацијата ,,Грко – Левантијци ширум светот” која лобира во име на Антиохиската Црква бара православните земји да почнат да делуваат за помош на луѓето кои сега живеат во страв во Сирија.

,,Ги повикуваме вашите земји – Грција, Србија, Романија, Бугарија, Грузија, Кипар, Русија, Украина и Северна Македонија – веднаш да побараат итна седница на Обединетите нации за состојбата на сириските христијани по масакрот во црквата „Свети Илија“ во Дамаск.

Ова не е само напад врз цивили. Тоа е напад врз срцето на древното христијанство.

Антиохија не е фуснота во историјата – таа е лулката на името христијанин. Тоа е местото каде што Петар проповедал пред Рим, каде што Павле заминал на своите мисии и каде што се родила Православната црква на Истокот.

Она што се случило во Свети Илија не е локално. Тоа е глобално.

Во земјата Антиохија, верата што стигнала до вашите земји била зачувана две илјади години. Денес, нејзините луѓе се колени, нејзините икони се кршат, нејзините деца сирачиња – во тишина.

Ако Источна Европа се изморила од верата, ние сè уште гледаме кон вас – народите на крстот, народите што го носеле пламенот на православието со векови.

Зборувајте. Дејствувајте. Повикајте го светот да сведочи.
За да не бидат погребани во темнина децата од Антиохија, туку запаметени со достоинство”, пишува во апелот за поддршка на православните Христијани во Сирија.