Граѓанската акција за поддршка на притворените и осомничените за тероризам на 27 април вечерва пред истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари организира мирен протест против политичкиот прогон во Македонија.



На протестот кој го организира неформалното движење “Срце чука среде Шутка” учествуваат граѓани од повеќе македонски градови и семејствата на притворените за настаните од 27 април.

Во Истражниот затвор, откако им беше продолжен притворот за уште по 30 дена  за настаните од 27 април се наоѓаат пратенивите Крсто Муковски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов. На други тројца определена им е мерка домашен притвор.

Меѓу присутните се и семејствата пријатели и колеги на оперскиот певец Игор Дурловски, актерот Владо Јовановски, потоа режисерот Борис Дамовски, архитектот Богдан Илиевски…

Присутните кои решија на пречекот на 2018 да се солидаризираат со притворените, бараат нивно ослободување од, како што велат, притворот кој во овој случај не е мерка на претпазливост туку казна за притворените чија вина допрва треба да се докажува.

Меѓу притворените во многу тешка ситуација е и Елена Божиновска поранешна вработена во кабинетот на спикерот Трајко Вељановски. Нејзиниот сопруг деновиве и преку социјалните мрежи побара Елена да биде пуштена дома каде ја чекаат две малолетни деца кој секојдневно прашуваат кога ќе се врати дома.

Медиуми деновиве пренесоа дека дел од роднините на притворените веќе се обидоа да им однесат на своите најблиски топла облека, но тоа од управата на затворот не било дозволено. Во простории е студено има мраз на ниските тенператури, а присутни се и чести болести и вируси.

Наместо да ја спремаат одбраната, притворените се борат да преживеат.

Во текот на декември во повеѓе наврати протест пред Истражниот затвор одржуваа ичленови и симпатизери на ВМРО-ДПМНе.