„Неа демократија и јас лично го браневме правото на граѓаните да протестираат слободно, мирно и демократски, како што е предвидено со Уставот“, вели водачот на главната опозициска партија, Киријакос Мицотакис.



“Изразувањето на националната гордост на стотици илјади граѓани кои се собраа на плоштадот Синтагма од секој дел од земјата немаа политичка боја. Никој нема право политички да експлоатира таков голем собир”, рече Мицотакис.

Опозициската партија во анкетите води со над 15 отсто поддршка пред владеачката Сириза на Ципрас, а политички коментатори во Грција оценуваат дека Мицотакис сака да ќари политички поени и игра на картата на поделеност во владата: Додека Ципрас е за решавање на спорот со некаково сложено име, и смета дека надворешна политика не се води на митинзи, неговиот министер за одбрана Панос Каменос е против употреба на терминот „Македонија“ во идното име и го поддржа протестот.

За Мицотакис, протестот беше и антивладин и израз на незадоволството на народот од сегашната коалиција СИРИЗА-АНЕЛ.

„Граѓаните ја изразија својата агонија. Недостатокот на доверба во една влада која, наместо да соработува со опозицијата и заеднички да ја обликува националната линија, стори сé што е можно да ги подели политичките партии и грчкиот народ околу клучното национално прашање“, вели тој пренесуваат грчки медиуми.