Граѓаните заштедиле 6,5 милијарди евра, а на банките им должат 4 милијарди евра

Штедењето и задолжувањето кај банките во првиот месец од годинава се движеле со речиси исто темпо. Годишнот раст на вкупните депозити во јануари е 11, а на вкупните депозити 11,3 проценти. И во двата случаи предност има домашната валута. Од 9,6 милијарди евра, колку што е износот на парите доверени од граѓаните и од компаниите, 5,3 милијарди евра се чуваат во денари. Дадена е кредитна поддршка од осум милијарди евра, од кои 4,9 милијарди евра се во денари.



Според последните податоци на Народната банка, вкупните депозити (од 592.750 милиони денари) пораснале, пред се, поради навиките на граѓаните, кои ги зголемуваат заштедите. Притоа, достигнато е ниво од 397.793 милиони денари, односно 6,46 милијарди евра. Раст има и кај депозитите на корпоративниот сектор (167.507 милиони денари/ 2,7 милијарди евра).

Иако  според сумите, позадолжени се граѓаните, кредитирањето на годишна основа поголемиот стимул го добива од потребите на корпоративниот сектор. Во јануари вкупните кредити се во износ од 494.098 милиони денари, односно 8 милијарди евра, од кои на компаниите отпаѓаат 241.446 милиони денари или 3,9 милијарди евра, а на населението – 250.139 милиони денари или четири милијарди евра.

Целата анализа на Пари.мк може да ја погледнете на следниот линк.