Граѓаните бесни откако директорите на „Пошта“ во ек на криза си зголемувале плати за 50%

Македонска пошта тоне во долгови, писма и пратки се чекаат со денови. Дури 43% од граѓаните и 71% од фирмите не се задоволни од услугите на поштата. Додека вработените протестираа затоа што немаа земено плата, директорите на пошта си ги зголемиле сопствените плати за повеќе од 50 проценти. Тоа што пошта со години наназад работи со загуби не ja спречило Директорката Бујаре Абази во 2023 година да донесе одлука за покачување на примањата на директорскиот тим и тоа спротивно на законот. Ова се само дел од шокантните откритија на државниот ревизор. 



  • Во септември 2023 година и покрај континуираниот негативен финансиски резултат друштвото извршило зголемување на месечната нето плата на директорите на сектори, заменик генералниот и генералниот директор за 42% до 58% соодветно, што не е во согласност со Законот за трговски друштва. Според законот во случај на намалена добивка или значително влошена финансиска состоба на друштвото, надоместокот на плата и другите бенефиции, предвидени во менацерскиот договор може да се намалат, вели Државен завод за ревизија.  

Пошта склучила договор со 276 пошторазнесувачи, но дел од нив, биле ангажирани за други административни работи. Утврдени се и неправилности во пополнување на работните места и евиденцијата на работното време, како и во пресметката на додатоци, надоместоци и награди за дел од вработените.  

Куртиши вели дека новото раководство открило и најмалку стотина лица кои примале плата, а не доаѓале на работа, за кои рече дека ќе бидат предмет на истрага.

  • Нема повеќе да дозволиме некој да си зема плата и да си седи дома. Ова веќе го нема нигде во светот, го нема ни кај нас. Беа собрани околу 600 илјади пратки од Али Експрес, од мај месец до септември ништо не се работеше. Успеавме за три недели да ги процесираме тие пратки и веќе немаме пратки што стојат во Пошта. Со исти луѓе, само со добра реорганизација, изјави Куртиши.

Според ревизорите, лани едвај 60% од пратките биле доставени на време. Над 70% од фирмите и 40% од граѓаните биле незадоволни од поштенските услуги поради нередовна и несоодветна достава. Ревизорите укажале дека е потребна поголема соработка меѓу институциите за обнова на руинираните делови од опожарената зграда. Велат објектот кој се наоѓа на листата најзагрозени споменици во Европа, цена деценија е изложен на неповолни надворешни влијанија со што состојбата постојано се влошува.

Новиот дирекор на Пошта, проблемот со состојбите во пошта го гледа во лошото менаџирање и организација, поради што веќе се подготвува нова систематизација, според која бројот на над 700 луѓе вработени администацијата ќе се намалува преку прераспределба во технолошкиот процес.