Граѓаните бараат младиот Јован кој спаси повеќе од 20 деца во Кочани да биде одликуван со орден за храброст

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е еден од хероите од големиот пожар во Кочани. Tој без двоумење влегол во опожарениот објект и успеал да спаси повеќе од 20 деца, откако претходно ја натопил маицата со вода и ја ставил на лицето да се заштити од огнот пред да тргне во херојскиот подвиг.



Граѓаните во многу објави на социјалните мрежи му се заблагодаруваат на Јован, за кого велат дека е „тивкиот херој“ на драмата што ја зави цела Македонија во црно, му се восхитуваат и ги повикуваат властите да му доделат орден за храброст, пренесува Вечер.мк

Мајка на едно од децата кои Јован ги спасил јавно му се заблагодари на младиот херој:

„Тој беше надвор за време на пожарот, успеа да најде вода во близина, ја натопи маицата што ја стави преку лицето и без двоумење влезе внатре низ страничната соба за да ги спаси луѓето“, се вели во една од објавите на социјалните мрежи.

https://www.vecer.press/graganite-baraat-da-bide-odlikuvan-19-godishniot-jovan-od-vinicza-koj-herojski-spasi-poveke-od-20-decza-od-pozharot-vo-kochani/