Градскиот превоз во Скопје редуциран , дел од приватните превозници не возат

Автобускиот превоз во Скопје од денеска наутро е редуциран откако дел од приватните превозници одлучија да сообраќаат од пет часот.



Според најавата, еден автобус вози само една тура, на една линија, а тоа се автобусите со број 45, 23, 63, 73, 61, 63, 22, 52, 54, 19 и 20.

Од друга страна пак, непречено продолжува да функционира јавниот превоз од страна на „Вестор транс“ чиј автобуси се со број 9, 11, 11а, 12, 47 и 55.

Тие најавуваат дека денеска ќе имаат средба со директорот на ЈСП „Скопје“ Драги Кушовски и со секретарот на Град Скопје, бараат да им биде исплатен долгот и да се зголеми цената која, како што посочуваат, е од пред осум години, поточно од 2017 година.