За прв пат во Македонија можеби и во светот еден градоначалник побара од своите граѓани да не оставаат вредни предмети во своите домови затоа што тие според него не се безбедни.
Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ денеска започна Пи – Ар кампања во која на граѓаните на Центар им даде до знаење дека нивниот имот односно домовите во кои што живеат не се безбедни и затоа не треба да оставаат вредни предмети дома.
Денеска на возачите и случајните минувачи, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и претставници од МВР-СВР Скопје, им даруваше освежувачи со пораки, “Внимателна заедница е безбедна заедница“ и “Не оставајте вредни предмети во автомобилот“.
Богдановиќ притоа не им кажа каде граѓаните да ги носат вредниот накит, бела техника, скапоцен мебел и други вредни работи доколку излезат да прошетаат или патуваат надвор од градот.
Наместо да направи напор за зголемување на јавната безбедност со зголемен видео надзор, поголемо присуство на полиција или зачестени контроли на полициската единица Алфи како што тоа се прави во сите други европски земји особено за празници, Богдановиќ се одлучил грижат за безбедноста на своите домови да им ја препушти на граѓаните кои што сега се во уште поголем страв од кражби и друг вид криминал.
„Втора година по ред општина Центар заедно со МВР ја спроведува оваа акција со која апелираме до граѓаните да внимаваат и да не оставаат вредни предмети во становите и во возилата“, рече Богдановиќ кој ја нагласува одличната соработка со МВР, особено со полициската станица Центар.
Ова е прв дел од проектот кој се одвива како предупредување до граѓаните особено да се внимателни околу новогодишните и божиќните празници. Информативни табли ќе бидат поставени во влезовите на зградите со совети за поголема безбедност.
Проектот кој денеска го започна оштина Центар и МВР носи наслов „Превенција од имотни деликти – кражби во куќи и станови и кражби во возила“.
Центар е најбогатата македонска општина со над 40 милиони евра општински буџет и со најголем број на камери кои што го следат јавниот сообраќај и објекти.






