Градоначалникот на Гази Баба „во лов“ на загадувачи

По пријави од граѓани, извршена е контрола и на едно правно лице за кое постојат индиции дека е извор на загадување, објави синоќа на Фејсбук градоначалникот на Општина Гаи Баба, Бобан Стрефковски.



„ Доцна вечерва добивме пријава за пожар во Трубарево. Веднаш реагиравме и стапивме во контакт со Центарот за управување со кризи, по што се преземаат мерки за негово гаснење.

Попладнево во дел од Ченто беше почувствуван непријатен мирис, кој доаѓа од пожарот на депонијата во Арачиново. Фотографиите со густ црн чад што се споделуваа денеска се токму од таму.

Им благодарам на граѓаните за будноста и поддршката. Голема благодарност и до полицијата за професионалната соработка.

Ќе бидеме присутни на терен и во текот на ноќта, и утре – сѐ додека има потреба.

Се работи без компромис кога е во прашање здравјето на граѓаните“ – истакна Стефковски во објавата на социјалните мрежи