Грабеж во банка на Бит Пазар – фатени по два часа

Денеска на улицата Цветан Димов во Чаир се случи оружен грабеж во експозитура на банка, дознава Плусинфо



Неколку лица влегле во банката и со закана на огнено оружје успеале да одземат засега непозната сума пари, но за брзо време биле фатени од полицијата.

„Околу 13 часот е пријавен обид за разбојништво во банка на подрачје на Бит Пазар. По преземени мерки две лица се приведени. Се работи на расчистување на случајот„ – велат од МВР.