Го одраа Трамп – треба да плати 454 милиони долари за измама

 

Американскиот претседател Доналд Трамп треба да плати повеќе од 454 милиони долари откако се изјасни за виновен за фалсификување на нето-вредноста на неговиот имот.



Судската пресуда е донесена во тужба за граѓанска измама против 45-тиот претседател на Соединетите држави, поднесена од државниот обвинител на Њујорк.

Сумата ја вклучува казната од 354,9 милиони долари што му беше изречена на 16 февруари од страна на судијата на Окружниот суд на Менхетен, како и каматата, по повеќе од три месеци неприсуство н а судењата.

Така, вкупната сума на казната на која беше осуден поранешниот претседател се зголеми за околу 100 милиони долари.

На 16 февруари, Трамп беше прогласен за виновен во граѓански случај за измама на проценките на имотот на неговата компанија, Trump Organisation.

Исто така, му беше забрането во период од три години „да служи како службеник или директор на која било корпорација на територијата на државата Њујорк и да аплицира за заеми од финансиски институции регистрирани во државата“.

Трамп веднаш најави дека ќе поднесе жалба на одлуката.

Според обвинението, неговата компанијатадала лажни податоци за вредноста на својот имот за да обезбеди поповолни услови за кредити и осигурување.

Вистинската цена на средствата беше зголемена од 2,23 милијарди долари на 3,6 милијарди долари.