Го одбија Трамп: НАТО-членките нема да издвојуваат 5% за одбрана

НАТО нема да го испочитува предлогот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за значително зголемување на трошоците за одбрана, но најверојатно ќе се согласи на повисоки распределби од сегашните, пишува Ројтерс.



Официјални лица од земјите на НАТО изјавиле дека се согласуваат трошоците за одбрана да продолжат да растат, но тие не ја поддржуваат бројката од 5 проценти, што според аналитичарите е политички и економски невозможна за речиси сите членки.

Официјални лица велат дека новата цел најверојатно ќе биде договорена на самитот на НАТО во Хаг во јуни, поттикната од стравувањата дека Русија би можела да нападне земја од НАТО по Украина и советот на Трамп.

Некои официјални лица очекуваат 32-те членки на НАТО, по многу расправии, да се договорат за целта од околу три отсто од БДП.

Трамп: Членките на НАТО да издвојуваат по 5 отсто од БДП за одбрана