Битолчанецот Златко Симовски, поранешен вработен на брод за крстарење и автор на книгата „Дневникот на еден морепловец“, издадена под псевдоним Теодор Кузман, на 24 октомври 2024 г. ја објавил својата книга бутикот за алкохол „Гермит“ во Битола.
За ова дело, напишано за време на првиот 8-месечен работен договор на брод за крстарење на авторот, но и за избраното место за овој настан, тој ни раскажа:
“Книгата се состои со интересни приказни, кршење правила, смешни ситуации, макотрпна работа (од соништата), ‘издувни вентили’, себеспознавање, забави со неизвесен исход, чудни верувања и прехранбени навики, добри дела.
‘Дневникот на Еден Морепловец’ е прозорец кон еден сосема поинаков и возбудлив свет, изјави тој за порталот Babambitol.mk.
Вели дека местто на промоција „не е избрано поради тоа што и мојата книга содржи неколку проценти алкохол и таму би се чувствувала како дома. Ниту поради фактот што никогаш не сум излегол на по некој пијалак со другарите, туку секогаш сме оделе ‘Да прочитаме по некоја книга’.
„Се работи за вродена потреба да живеам надвор од секој шаблон, а неодамна, локалната книжарница од каде што цел живот купувам книги ме мотивира да го направам тоа и со мојата книга“ објаснува Златко.
Вели дека си рекол:
“Пријателе, одамна не си излегол од матрицата, а и овај шамар ти е добар знак. Промоцијата не мора да биди во книжарница, не мора да биди на правоаголна маса со бел чаршав, и не мора да се чувствуваш непријатно во сопственото одело тој еден час,” ми кажа внатрешниот глас, а јас продолжив кон следниот објект на патот, ‘Бутик за Алкохол – Гермит’.
Таму, за среќа наидов на разбирање од сопствениците, кои, имам впечаток дека повеќе од почит кон мојот труд ми дозволија промоцијата да ја направам во нивната продавница“, раскажа Симовски.





