Дел од опозициските медиуми денеска шпекулираат дека новинарката, Јасмина Аневска ќе биде првата жена портпарол на македонската влада во нејзината историја.
Аневска досега работеше во телевизијата Телма каде што според медиумите си дала отказ и се подготвува за портпаролското место во владата на СДСМ, ДУИ и АА.
Таа е догогодишен новинар во неколку македонски медиуми а важеше за еден од главните новинари на ТВ Телма додека СДСМ беше во опозиција.
Доколку информацијата биде потврдена Аневска во владата ќе го замени Александар Ѓоргиев кој беше разрешен на последната владина седница.
Аневска беше во фокусот на јавноста во март 2015 година кога во живо на вестите на Телма ја „лупна“ слушалката од телефонот кој беше дел од сценографијата. Подоцна Телма обајви дека овој потег бил дел од Пи Ар кампања која имала за цел да им порача на политичарите дека новинарите веќе нема да примаат нарачки.
Владата засега не ја потврдува ниту демантира веста на опозициските медиуми
Во врска со информациите за нејзиното именување за портпарол на владата Аневска денеска (вторник) со следнава реакција






