Гори стрниште и трска од три метри кај Црна река во близина на Брод и Гнеотино

Пожар вечерва е видлив од делови од Битола, гори големо стрниште, а пожарникарските екипи се на терен, информираат од Центарот на Центарот за управување со кризи (ЦУК).



По течението на реката Црна во атарот на пелагониските села Брод-Гнеотино гори трска висока и до три метри, изјави Горан Димкоски, командир на Територијалата против пожарна единица-Битола. Димкоски информира дека трската е запалена од околното стрниште кое доцна попладнето го изгаснаа екипи на ТППЕ-Битола и нема опасност по населените места кои се на поголема оддалеченост.

Огнот е видлив од општините Новаци и Битола, но нема никаква опасност, изјавија од ТППЕ-Битола, чии екипи се на терен.