МЗТ Скопје имаше блескава презентација на играчките ресурси, на колективниот квалитет, но и на, од небо видливата желба во дуелот со големиот Партизан, што не можеше да мине без награда во форма на тесна и важна победа на стартот од новата едиција на АБА од 92-89. Колку е триумфот битен најдобро се почувствува на солидно пополнетите трибини во Јане Сандански каде 4 илјади луѓе на крајот западнаа во вистинска еуфорија. Причина за тоа е извонредно интересниот дуел на ривалите, но и победата која е прв дел од терапијата која и е потребна на нашата кошарка по сите промашувања во последните години.
Од движењето на резултатот во Јане Сандански вечерва: 26-25 по 10 минути, 42-48 на полувреме. Партизан направи десет разлика во третата четвртина (51-61), но МЗТ презеде од рано во последната, од 73-70 и не ја испушти предноста до крајот.
Дамјан Стојановски со 25 поени беше најефикасен кај „металците“, Бојан Трајковски оствари дабл-дабл од 20 поени и 13 скокови, додека Гарсија исто така беше одличен со 17 поени и девет асистенции.




