Марија Шарапова имаше извонреден камбек во Њујорк, во кој ја победи, ја елиминира втората Светска тенисерка Симона Халеп со 2-1 во сетови. Русинката поведе, Романката возврати, два пати беше по 6-4, а потоа Шарапова рано направи брејк и успеа да го сочува за 6-3. Тоа вели дека 146 тенисерка на ВТА листата ја победила втората, но јасно е дека разликата не е таква и дека се должи само на суспензијата поради допинг и отсуството од турнирите. Интересно е тоа што Халеп која е на само пет бода од водечката на светскиот ранкинг Плишкова, го загуби и седмиот меч со руската убавица која практично е пеницилин за романката. Претходно Флешинг Медоу од носителите го напуштија Ферер и Конта, а победуваат Цонга, Чилиќ, Венус, но главнината од фаворитите на Отвореното првенство на САД се појавуваат денеска. Така на машкиот дел Надал игра со Лајович, Бердих со Карсон, Федерер со Тиафо.