Големи очекувања и огромна одговорност – Кој ќе го снима филмот за Тоше Проески?!

Македонската радио телевизија во копродукција со некоја од регионалниите ТВ-куќи ќе снима игран филм, ТВ-серија и документарен филм за починатата поп ѕвезда Тоше Проески, проект кој макдонската Влада ќе го поддржи со 95 милиони денари (околу 1,5 милиони евра), објавија министите за култура Зоран Љутков и за дигитална трансформација Стефан Андоновски.



  • Идејата потекна од МРТВ и копродукции од Македонија и Балканот, но секако инспирацијата, иницијативата, главно ја предводеше претседателот на Владата Христијан Мицкоски, и во координација со Министерството за култура и со Министерството за финансии, во експресно брза постапка се обезбедија средства“,  рече Андоновски во гостување на МТВ.

Идејата за овие проекти потекнала од МРТ и копродукции од Македонија и Балканот, а Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во координација со Министерството за култура и со Министерството за финансии во експресно брза постапка обезбедија средства од буџетот. Министерството за дигитална трансформација ќе одвои 95 милиони денари..

  • Ние постојано имаме отворени конкурси. Што се однесува до проектите поврзани со македонската музичка легенда конкурсот е отворен до 31 декември и на него може да се пријаат сите продуцентски куќи. Треба да приложат синопсис за документарен филм, серија или игран филм за Тоше Проески. Но, и согласност од семејството, што е многу важен детал – велат од МРТ.

Ова една од најубавите предновогодишни честитки за фановите на македонската легенда, сплотени во многубројни групи на социјалните платформи од цел од Балкан и пошироко,која вчера ја соопшти министерот за култура Зоран Љутков.

Проески беше една од најголемите музички ѕвезди која Македонија ги мала последните децении. Освен како врвен професионалец, во регионот беше познат и како голем хуманитарец. Почина на 26-годишна возраст, во сообраќајна несреќа во Нова Градишка, Хрватска.