Голема Албанија во честитката на Сали Бериша за Денот на знамето (ВИДЕО)

Поранешниот албански претседател Сали Бериша преку „Фејсбук“ го честита државниот празник 28 ноември, кај западниот сосед познат како Ден на знамето или Ден на независноста, со видео во кое орел надлетува карта на Голема Албанија.



„Среќен роденден на албанската слобода, празник на нашите празници!“, напиша актуелниот пратеник во албанскиот Парламент на својот профил на „Фејсбук“ како придружен текст на видеото.

Картата на Голема Албанија е на половина од снимката што трае 22 секунди.

https://www.facebook.com/SaliBerisha/videos/909172502576991/