Гогиќ: на Курти му треба криза, за да го отвори албанското прашање во Р*М! – Негов интерес е радикализацијата!

„Амбициите на Албин Курти не завршуваат во Косово. Нему му треба криза за да го отвори албанското прашање и во * Македонија. Тој гледа свој интерес во радикализација и создавање на кризи.“оценува српскиот политиколог и познавач на состојбите Огњен Гогиќ во разговор за македонскиот информативен портал „Локално“. Тој се осврнува на тензиите и проблемите по одлуката за забрана на српската валута во Косово.



Покрај другото, Локално“ пишува: Тврдоглавиот став на Курти, како што додава Гогиќ, е поврзан со неговата изолационистичка политика и антиамериканизам. Според српскиот политиколог, косовскиот премиер ги гледа Американците како глобални империјалисти.

„Курти се обидува да создаде незадоволство кај Албанците кон Американците како нивни непријатели, кои ги фаворизираат Србите. Курти воопшто не се плаши од санкциите што може да ги воведат Американците. Тој смета дека дипломатската изолација на Косово би му помогнала да ги хомогенизира Албанците од неговата влада. Во тој поглед, тој ги наследува идеите на Енвер Хоџа.“ – смета Огњен Гогиќ.

Српскиот политиколог образложува дека Американците неформално навестуваат „авганистанско сценарио“ на Косово.

„Тоа значи дека се размислува за повлекување од Косово, ако Албанците продолжат да ‘не слушаат’. Американците немаат интерес да го поддржат Косово, ако Албанците упорно им се спротивставуваат и не слушаат што им кажуваат. Ако Косово се приклучи на меѓународните организации, може да гласа против предлозите на Американците. Во оваа смисла, можно е Американците во наредниот период да размислат за намалување на поддршката што му ја даваат на Косово во различни сегменти, вклучително и набавката на оружје.“ – навестува Гогиќ.