Не им е лесно на македонските политичари, на сегашните и на тие од минатите влади, со соседи како Србија, Бугарија, Грција… Албанија, намерно не ја споменувам, вели Јоргос Пападакис, новинар и претставик на партијата околу која гравитира македонското малцинство во Грција, „Виножито“ – Слободна европска Алијанса, во емисија за ТВ Алфа.



ЕУ остана на страна и не ја прокоментира изјавата на Еди Рама, дека доколку Албанија и Косово не бидат примени во ЕУ можно е обединување на Албанците во нешто што може да се нарече „Голема Албанија“.

„Да имаше некаква изјава поврзана со Украина, ќе имаше секојдневни коментари од тука до Брисел, нон стоп ќе имаше по некој да зборува да критикува“, вели тој.

Причина за тоа, според негово мислење, е бидејќи тоа се истите луѓе и истата политика во Брисел кои ѝ дозволуваат на Грција 26 години да игра со судбината на цел еден нарот.

„Сите го гледаат тоа, но нема никој ништо да каже“, вели Пападакис.

Во емисијата „60 минути со…“ тој изнесе мислење дека Грција и Македонија сепак нема да успеат да го решат спорот околу разликите за името.

„Велат сега постојат можности. Но, можности постоеја и првата година кога почна овој спор, но тоа не се случи“ вели пападакис кој смета дека постои едно лицемерство од страна Атина во врска со ова.

Грците не сакаат да се реши проблемот. Тие и затоа предлагаат такви лоши решенија како „северна“ или „горна“ знаејќи дека секаде во светот каде што има северна и јужна има проблеми. Погледнете ја Кореја, Ирска…

Целата емисија на ТВ Алфа може да ја погледнете тука.