Бугарскиот премиер Димитар Главчев, ќе инсистира во усвојувањето на заклучоците на состанокот на Европскиот совет, што денеска и утре се одржува во Брисел, да се вклучи текст за Македонија (РСМ), соопшти прес-центарот на бугарската влада
В.Д. премиерот Главчев ќе побара од Европскиот совет да ги потврди заклучоците од 14 декември 2023 година и заклучоците на Советот за с.Македонија и Албанија од 18 јули 2022 година, јавуваат бугарски медиуми.
Тој ќе инсистира Европскиот совет да ја повика РСМ да ги преземе чекори наведени таму со цел да се постигне напредок кон нејзината европска интеграција.
Според премиерот, важно е да се истакне дека имплементацијата на сите обврски преземени од Република с. Македонија и нејзиниот напредок на сите реформи поврзани со Европската унија (ЕУ) остануваат клучни.
Ова е уште една реакција во низа од бугарски политичари по изјавата на македонскиот премиер Христијан Мицковски дека промена на уставот за признавање на бугарското малцинство „нема да помине“.
Претходно реагираа лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов и претседателот Румен Радев.






