Ги проколна хомосексуалците и се пожали дека му правеле линч, инволвиран и премиерот

По бурата предизвикана од фејсбук постот на вториот човек на македонските социјалдемократи Мухамед Зекири ја обвини јавноста дека го линчува со обвинувањата против неговите ставови (клетви) против припадниците на ЛГБТ заедницата.



Предходно Зекири на Фејсбук напиша религиозна порака од пророкот Мухамед која се користи за осуда  на хомосексуалноста. По неговото проколнување на хомосексуалците, лезбејките, трансродните и останатите припадници на оваа маргинална група тој доби жестоки критики од заедницата.

“Јас сум теолог и сум против геј бракови и против хомосексуалноста, тоа е мој личен став. Апсолутно сум против хомосексуалноста, како и против геј браковите, тоа не го кријам и е мој личен став, секој има право на свои ставови.  Јас како личност имам право да имам ставови за одредени прашања, кои не секогаш се исти со тие на партијата”, изјави првично Зекири за Фокус обидувајќи да ја намали штетата врз неговата партија каде што тој е втор човек по лидерот Заев.

Откако оваа изјава не ги смири страстите Зекири се обиде да се дообјасни обвинувајќи ги критичарите дека вршат јавен личн кон него, по што предизвика нова рунда критики.

“Јас сум и ќе останам Мухамед Зекири кој има право и секогаш кога ќе има потреба ќе искажува сопствено мислење и став и тоа е придобивка на демократијата и слобода на говорот. Мислете и имајте различен став од мојот тоа е ваше право, но јавен линч кон мене вам ќе ви наштети не мене!!!”

Јавноста не ја смири ниту генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски кој вели дека се работи за личен став на Зекири, а не на СДСМ.

Во спорот со Зекири ЛГБТ заедницата го вклучи и премиерот Заев од кого се бара јавно да ги осуди Зекири.

“Вакво однесување прилега само за во пештера! Зекири очигледно не е за соживот, бидејќи како човек кој до вчера бараше права, денес дискриминира. Заев мора да се произнесе дека како премиер се оградува од ставот на Зекири” а “да не го праќа Кирацовски”, изјави денеска режисерката Софија Теодор, член на СДСМ која побара премиерот Зоран Заев јавно да се произнесе за оваа изјава на Зекири.
.