Героски: Тоа што Фуркан Салиу пиштолот го поседувал со дозвола не му дава право да го носи со себе или во својот автомобил

Новинарот Бранко Героски со свое видување за случајот со приведувањето на колегата Фуркан Салиу, со акцент на пронајденото оружје во неговиот автомобил од полицијата.



„За сите детали за инцидентот во кој е инволвиран новинарот Фуркан Салиу и за неговото приведување ќе почекам што ќе кажат истрагата и приведениот новинар.

Првичните информации не се доволни за донесување заклучоци.

Само една работа засега е совршено јасна:

Тоа што Фуркан Салиу пиштолот го поседувал со дозвола не му дава за право да го носи со себе или во својот автомобил.

Законот за оружје е прецизен – Фуркан Салиу пиштолот можел и морал да го чува дома (на посебен начин опишан во Законот), а ако сакал да го транспортира некаде, морал да побара и да добие посебна дозвола за тоа.

Законот пропишува кои лица и на кој начин можат да носат огнено оружје. Новинарот Салиу не е во тие категории лица.

Со оружјето мора да се постапува строго во согласност со Законот и со огромно внимание“, коментира Героски на Фејсбук.