Листата заинтересирани за новата германска фудбалска надеж Леон Горецка се прошири од Ливерпул и Манчестер Сити на Арсенал и Манчестер Јунајтед, но членот на Шалке најверојатно ќе оди во Баерн Минхен. Баварците наводно веќе имаат и преддоговор со менаџерот, а резервна солуција според Горецка би била само уште Барселона иако и Реал веќе соопшти дека е заинтересиран.



Во Гелзенкирхен, пак, се подготвени да понудат нов договор со тоа што би му дале на Горецка 8 милиони евра годишна плата што би бил клупски рекорд. Во спротивно ќе мора да се разделат со екстра талентот и да се задоволат со 50 милиони или можеби нешто повеќе евра, на колку што е проценет 22 годишниот креатор кој знае и да погодува.