Германија: Македонски државјанин ја заклал сопругата пред очите на трите деца

Жена (30) била убиена од нејзиниот сопруг во Дортмунд во понеделникот вечерта. Насилникот ја избодел со месарски нож долг 30 сантиметри – пред очите на децата! – објави германски Билд



По крвавиот чин,  мажот побегнал и ја оставил жената да крвари во ходникот.

Малите деца, на возраст од 3, 4 и 6 години, го пријавиле случајот кај соседите.

Билд пренесува дека жената неодамна се разделила од сопругот кој бил македонски државјанин.

Жената долго време трпела семејно насислтво, а на крајот на октомври се преселила со нејзините три деца во нов стан во Дортмунд.

Сторителот потоа бил фатен на автопат, а се претпоставува дека тргнал да бега на пат кон Македонија.

Моментално е во притвор во Нирнберг, од каде ќе биде префрлен во Дортмунд.