Од новогодишната ноќ во Германија, почнува да се спроведува закон со кој се бара социјалните медиуми експресно да отстрануваат постови со говор на омраза, лажните вести и други илегални содржини.



Социјалните мрежи кои нема да ги отстранат „очигледно нелегалните“ постови од корисниците, би можеле да бидат казнети со дури 50 милиони евра, доколку не го сторат тоа в рок од 24 часа.

Законот се однесува на социјални мрежи и медиумски портали со повеќе од два милиони корисници.

Фокусот засега е на Фејсбук, Твитер и Јутјуб, но најверојатно ќе се однесува и на други социјални мрежи.

Фејсбук вработи стотици луѓе во Германија за да се справат со извештаите за содржини кои не се во согласност со законот.

Законот предизвика контроверзии во оваа европска држава, бидејќи некои веруваат дека тоа може да доведе до ненамерна цензура и ограничување на слободата на говорот.

Германското право е најекстремен пример на напорите на владите и регулаторите за „зауздување“ на социјалните медиуми во однос на говор на омраза.