Новинарката и експерт за геополитика Емилија Гелева јавно му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
„Драг Христијан,
Ѕвездите ти го отворија хоризонтот да станеш херој-лидер на Македонија и да ја водиш наредните 20-тина години. Големата победа на Републиканците со Трамп ќе биде следено од незамислив пресврт на геополитичката сцена. Затоа, почнува време кога треба да им ја вратиш Македонија и државата на Македонците. За таа, цел нема потреба повеќе да се држиш за здолништето на Дер Лајен и Брисел. И темелно расчисти со северџганите во институциите, посебно во МНР. Како и со квазианалитичарите, кои од геополитика и реална надворешна политика знаат колку ‘Мали Ѓокица’.
Ти посакувам успех, сè за Македонија!“, му порача Гелева на Мицкоски преку Фејсбук.






