Гаши од Шведска: Р*М е подготвена за уставни промени!

„* Македонија е подготвена за уставни измени, бидејќи интеграцијата во ЕУ останува најважниот стратегиски приоритет на земјата.“ – изјави претседателот на Собранието Африм Гаши на средбата со со државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Шведска Кристијан Даниелсон. Гаши со дел од пратениците престојува во Шведска, каде што оствари неколку официјални посети. Ова го објави ТВ 21.



Телевизијата објави: „Претседателот Гаши истакна дека интеграцијата во Европската Унија останува најважен стратегиски и надворешнополитички приоритет, проследен со почитување на европските вредности и имплементација на европските стандарди. Тој истакна дека евроинтегративниот пат на * Македонија е условен со измената на Уставот, чекор кој технички државата е подготвена да го преземе, но истовремено треба да се има предвид дека почитувањето на достоинството, евроинтеграцијата и добрососедските односи се целосно комплементарни и од заемен интерес за сите земји од регионот.“ – велат од Собранието.

На средбата со Даниелсон дадена е надеж дека уставните измени ќе се случат наскоро, бидејќи тие ќе овозможат што поскоро отворање на поглавјата и членство на * Македонија, со почитување на Копенхагенските критериуми. Гаши се сретна и со шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густав, при што му врачи симболична кошничка со традиционални македонски производи од повеќе различни производители.