„Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека не се откажале од моделот следниот претседател на државата да биде избран во Собранието и тој да биде Албанец.“ – објави ТВ 21
ТВ 21 пишува: Во емисијата „Дејли Клик“ Гаши вели дека, сепак, Албанец може да дојде во вилата Водно и преку сегашниот модел, со избор од страна на граѓаните. Според него, за него би гласале и Македонците, ако би бил човек, што ѝ сака добро на државата и кој работи во интерес на граѓаните.
„За него можат да гласаат и Македонците.“ – нагласува претседателот на Собранието Африм Гаши, додавајќи дека дури и изборот во Собранието би бил можен со две третини од гласовите.





