Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека Албанец претседател може да дојде во Вила Водно преку сегашниот модел, со избор од страна на граѓаните.



„Доколку тој е човек кој ја сака државата и работи во интерес на граѓаните, за него би гласале и Македонците“ рече Гачи денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21. 

Тој порача дека не се откажале од моделот следниот претседател да биде избран во Собранието и истиот да биде Албанец.

„За него можат да гласаат и Македонците“, рече Гаши, додавајќи дека дури и при избор во Собранието, гласањето би било со 2/3 мнозинство.