Гаши: Имаме двотретинско мнозинство за уставните измени – Постапката ќе почне штом ќе имаме договор

На денешната средба со новинарите претседателот на Собранието Африм Гаши нагласи дека „законодавниот дом е подготвен да ја почне процедурата за донесување на уставните измени, ако има политички договор“. Ова го пренесе ТВ 21.

Телевизијата објави: „Јавноста ги знае ставовите на политичкото мнозинство во државата. Што се однесува до Собранието, веднаш штом ќе има политички договор ние сме подготвени да ја почнеме постапката.“ – рече Гаши, коментирајќи ја вчерашната изјава на новата еврокомесарка за проширување Марта Кос дека очекува * Македонија да го промени Уставот и да се забрза евроинтеграцискиот процес.

Гаши смета дека веќе имаат обезбедено потребното двотретинско мнозинство за гласање на уставните измени. „Имаме две третини. Мислиме дека лесно ќе помине тој процес во Собранието и оти ќе го реализираме. Но, зависи од политичкиот момент.“ -укажа Африм Гаши.