„Можеби Ахмети заборавил, тоа било „Мајскиот договор“ кој го потпишал со Никола Груевски и кој самиот го прекрши, но таквиот договор никогаш не беше дел од уставот и не стана и не може да има таков договор во Уставот, затоа што се коси со секое демократско право“, изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши во интервју за Радио Слободна Европа..
Според него, сегашното владеачко мнозинство е легитимно.
„Владата се прави со 61 пратеници, со мнозинство, а од друга страна албанската коалиција, ВРЕДИ доби 107.000 гласови со што потполно го носи легитимитетот на Албанците во ова Собрание“, рече Гаши.






