Бизнисменот Арсим Папранику што со возило со дипломатски таблици го пренесе Артан Груби преку граница се соочува со затворска казна од 5 години.
Артан Груби ја преминал границата со Косово пред полициската акција
Според владини извори, почесниот конзул на Косово во Македонија, Арсим Папранику, со своето дипломатско возило со Артан Груби ја преминал границата на Косово само еден ден пред да започне полициската акција. Истите извори тврдат дека Груби границата ја поминал со албански пасош.
Засега нема докази дека Папранику знаел дека Груби се соочува со правдата и практично бегал но ако се утврди дека тој свесно му помагал на бегалец од правдата тогаш ќе се соочи со затворска казна до 5 години, сметаат правни експерти.
Екс претседателот на скопскиот кривичен суд Владимир Панчевски е подиректен.
Панчевски нема дилема дека газдата на Нептун и Ист Гејт му помагал на бегалец по извршено кривично дело и затоа треба да биде уапсен.
,,За вакво дејствие Фејзи Азири од предметот ”Монструм” беше осуден 10 години затвор, за помагање сторител по извршено кривично дело и уште судот за да го осуди потешко бидејки им пречеше на ДУИ го осуди за две посебни дела по 5 години, а не за продолжено кривично дело иако истиот со едно возило во исто време ги превезол за Косово обвинетите Африм и Алил. Тоа се тие двојни стандарди на правдата”, смета Панчевски кој
очекувам апсење на бизнисменот и конзул за помагање!
Кој е Арсим Папранику?
Арсим Папранику е почесен конзул на Косово во Македонија од 2018 година. Тој е сопственик на компанијата Нептун во Македонија и еден од косопствениците на East Gate Mall во Скопје.
Во 2019 година, Папранику беше прогласен за најуспешен човек во Македонија во категоријата „Менаџер на годината“.
Поврзана содржина
Газдата на Нептун и Ист Гејт одговара на прашања на инспектори
Газдата на Ист Гејт и Нептун се соочува со затвор за помагање на Груби






